На повеќето од нас жените денот ни започнува со вообичаениот утрински ритуал во кој нормално е застапено и шминкањето. За да ви помогнеме ќе ви пренесеме неколку стручни совети од кралицата на шминката и стилистка на голем број познати личности, Пет МекГрат.
Пред да ја нанесете течната пудра на лице ставете ја на намокрено сунгерче. Со тапкање нанесете ја на лицето. На тој начин поубаво ќе се впие пудрата и нема да се познава на вашето лице, а при тоа ќе ги покрие недостатоците.
Очите ќе ви бидат поголеми доколку на горните трепки ставите црна маскара, а на долните кафена.
Ставете кармин на устата, а потоа натапкајте со прстите или бакнете хартија и повторете со нанесувањето на карминот. Така вашиот кармин ќе трае подолго.