Убавина

Мали трикови за победа над големиот проблем – целулитот

Без разлика што се уште е зима, а времето ладно, сега е правиот момент да му објавите војна на целулитот, бидејќи колку повеќе одлагате толку е поголема шансата целулитот да ја добие битката.

Целулитот, или како што уште се нарекува „портокалова кожа“, се појавува кај 90% од жените,. Освен на задникот, бутовите и нозете, може да се појави на стомакот и рацете и претставува причина за намалување на самодовербата кај повеќето жени. Почнува да се појавува во ериод од 14 година од животот на жената.

Сите говорат дека тој е најголемиот непријател на жената, но забораваат да кажат дека секој непријател има одредена слаба страна.

На кој начин можете да го победите целулитот…

Еве како:

1. Јадете храна богата со растителни влакна

За да го уништите целулитот потребно е да извршите детоксикација на вашето тело, особено на црниот дроб и дебелото црево, а тоа најлесно ќе го постигнете ако го избегнувате никотинот, кофеинот и го намалите дневниот внес на сол и масти. Исто така е многу битно да пиете вода и јадете храна која е богата со хранливи материи, како што е сојата, боровницата и мешункасти плодови.

Во својата исхрана внесете храна која е богата со растителни влакна како јачмен, рж, просо,  овошје и зеленчук.

Храната богата со растителни влакна гарантира чиста ваша победа над целулитот.

2. Редовно вежбајте

Брзото одење, возењето велосипед, одењето по скали, јога и аеробик ќе направат чуда. Овие вежби ќе Ви помогнат да ги согорите масните наслаги кои се главни причинители на целулитот.

Според најновите истражувања возењето ролерки е најголемиот непријател на целулитот. Возењето ролерки гарантира сигурна дури 90 процентно разбивање на целулитот.

Секогаш бирајте вежби кои помагаат за топење на мастите на подрачјето на нозете и бедрата.

3. Масажа

Масажата на подрачјата зафатени со целулит, ја поттикнува циркулацијата на крвта на тоа подрачје. На тој начин се разбиваат масните наслаги. За масажа можете да употребите четка за бањање или пилинг. Најголемите непријатели на целулитот се ароматичните масла од чемпрес и смрека.

1 Коментар

Напиши коментар