Ако сте среќни, која е Вашата тајна ??? Научниците открија многубројни фактори кои влијаат на среќата, од генот, до личниот пристап на животот…
Ние, Ви препорачуваме неколку, кои можете да ги создадете ЛИЧНО ВИЕ, а се потврдени од истражувања…
1. Културизирајте се:
Личностите кои уживаат во уметноста и другите културни активности, обично се поздрави и посреќни. За мажите, физичките активности, престојот на отворено и волонтирањето, како и некој спортски настан се најголемите фактори кои ја создаваат среќата…
2. Набавете си домашно милениче:
Личностите кои чуваат домашно милениче се посреќни луѓе од оние кои не чуваат. Куче, мачка или некое друго животно, ќе Ве направат навистина среќна личност…
3.Сеќавајте се на убавите моменти:
Моќта на позитивното размислување, за некои луѓе е нешто што не постои, но според научниците, личностите кои имаат навика да се потсетуваат или да ги запишуваат среќните моменти во животот, се значително посреќни и позадоволни…
4.Култивирајте го алтруизмот:
Истражувањата покажуваат дека посреќни се оние личности кои трошат пари за друг, наместо за себе. И не само тоа… Оние кои волонтирале, имаат посреќни бракови, покажуваат истражувањата…
5. Бидете носталгични:
Гледајте во минатото со розови наочари… Памтете ги само среќните моменти, другите оставете ги во минатото…
6. Водете љубов:
Задоволството во сексуалниот живот е поврзано со среќниот живот, општо…
7.Не трудете се премногу:
Студиите сепак откриваат и еден парадокс…Личностите кои се трудат да бидат среќни, во суштина се помалку среќни за разлика од оние кои за среќата размислуваат помалку… Откажете се од напорот кој секојдневно „ мора “ да го направите… Дајте им приоритет на среќните моменти…
