И денес повторно ќе ви го претставиме скандинавскиот стил на уредување. Но, овој пат ќе стане збор за спалната соба. Неретко се случува во спалната соба да има тепети кои имаат огромна моќ да внесат живот и топлина во оваа соба.
Доколку сте едни од оние кои не сакаат многу шаренило, тогаш одберете ден ѕид од собата каде ќе го поставите тапетот. Може да одберете едноставен со дискретни шари или пак некоја боја со која ќе постигнете огромен ефект на контраст и ќе ја избегнете едноличноста во собата. Може да го комбинирате со бојата на завесите, доколку ги имате, или пак со бојата на килимите и украсите кои ги имате. Ние ќе ви понудиме неколку преубави фотографии на спални соби кои се уредени во скандинавски стил.