Мода

Мало бело фустанче – апсолутен хит за оваа Пролет…

Сите брендови во своите најнови колекции за Пролет/Лето 2012 година се одликуваа со убави креации и шареноликост, меѓутоа она што остави најголем впечаток кај сите припаднички на женскиот пол и она што ќе биде најголем тренд за оваа пролет се кратките бели фустанчиња. Фустаните се во разни стилови, од невини до разиграни, елегантни и едноставни.

Малото бело фустанче е идеално за топлите сезони. Токму тоа ја оправдува застапеноста и на модните писти. Фустанчињата се во различни нијанси на бела, од снежно бела до крем бела. И стиловите варираат од едноставни и рамни до слатки, украсени со разни детали и  асиметрични кроеви.

Ако сакате да бидете Принцеза што ќе блесне во бело оваа пролет, набавете си кратко и лесно бело фустанче…

Имајте прекрасна бела пролет…

Ви претставуваме неколку бели фустанчиња кои ќе Ве инспирираат.

 

Напиши коментар