Мода

Мало бело фустанче – must have ова лето

Она кое никако не смее да се пропушти оваа сезона е белото фустанче. Белите фустани завладеаа со модните писти, а  се појавуваат во најразлични модели и дизајни. Во овие различн модели, избор може да најде секоја жена.

Дизајнирани се во најразлична нијанса на бела боја, од снежно бела до кремасто бела. Стиловите им варираат, од едноставно рамни, до слатки како за девојчиња, украсени се со панделки, колани, штрасови, точки, или пак имаат асиметричен крој.

Имињата како Badgley Mischka, Givenchy i Betsey Johnson  дизајнираа фустани со ремени. Oscar de la Renta, Moschino i Roccobarocco си поигруваа со чипка и со цветни мотиви.

Louis Vuitton, Jason Wu i Marchesa  користеа пердувести додатоци за на моделите да им додадат убавина и оригиналност.

Vionnet a Bebe одлучија да дизајнираат фустани со асиметричен крој.

Фустаните на Victoria Beckham, Andrew Gn i Jean Paul Gaultier  ги откриваат рамениците.

Versace i John Richmond дизајнираа фустани со сјајни нитни.

Поголемиот број на модели, се со мини должини, тие одговараат за девојки со витки нозе. Но , постојат и средни должини на ваквите фустани кои се поскромни но се секогаш многу секси…

Фустанот на Giambattista Valli со крзнени детали изгледа импресивно и без додатоци на нараквици, огрлица и чанта.

Но, на колекциите на Jason Wu, со  комбинирањето на  црниот појас како додаток се добива ефект на потполно елегантен изглед.

 

Напиши коментар