Изреката кажува дека пријателите можеме да ги бираме, но не и своето семејство…
Меѓутоа, како што растам, јас сам успеав да го согледам и следново:
* Сфатете дека растам и се менувам многу брзо. Можеби ќе биде тешко да го одржувате моето темпо на живеење, сепак, јас Ве молам да пробате.
* Послушајте ме и давајте ми критики, јасни одговори на моите прашања. Тогаш ќе сакам со Вас да ги споделам и моите мисли и моите чувства.
* Наградете ме што ја кажувам вистината. Тогаш не сум исплашен и не мора да лажам.
* Кажете ми кога ќе погрешите… И кажете ми што сте научиле од грешката. Тоа ми помага да прифатам дека и јас сум добар, дури и кога грешам.
* Посветете ми внимание и поминете повеќе време со мене. Тоа ми помага да разберам дека сум важен и вреден.
* Правете го она што сакате и јас да го правам. Така ќе имам и позитивен пример.
* Почитувајте ме и имајте доверба во мене. Иако сум помал од Вас и јас имам чувства и потреби, баш како и Вие.
* Помогнете ми да ги откријам моите интереси, таленти и потенцијали. За да бидам среќен, треба да бидам ЈАС, а не некој кој Вие би сакале да бидам…
Со љубов и почит,
Оној кој колку и да е немирен и непослушен, најмногу Ве сака,
Вашето дете