ШоуБиз

Манекенка го “покрала” Axl Rose

Пред неколку дена Axl Rose заедно со својот бенд имаше концерт во Париз. Но, не помина баш сé во најдобар ред. Токму таму се случи големата кражба во воја тој загуби три големи ѓердани од злато и дијаманти кои се вредни 200.000 долари.

Кражбата е откриена, а тоа го сторила една манекенка која самата се пријавила во полиција со пленот. Не објаснила од кои причини ѓерданите се кај неа, ниту пак зошто го сторила тоа, едноставно се појавила во полициската станица и се предала. Во моментот таа е задржана во притвор и се очекува нејзината пресуда.

Грабежот се случил во еден ноќен клуб, каде пејачот со својот бенд заминал на забава по одржаниот концерт. Во моментот кога ѓерданите му биле одземени тој не ги имал на себе.

Напиши коментар