Мојата кујна

Манго торта со крем сир

Егзотичен изглед и вкус, одличен десерт за љубителите на овошјето…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За кора:

400 грама бисквити

250 грама растопен путер

3 лажици мелени ореви

За фил:

10 листови желатин

500 грама посен крем сир

1 кесичка ванилин шеќер

3 лажици сок од лимон

60 грама шеќер во прав

400 милилитри слатка павлака

2 зрели манга

Овошје за декорација по желба

Глазура

1 пакување желатин во кесичка

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Фино измелете ги бисквитите. Измешајте ги со путерот и оревите. Обложете го плехот за торта со хартија за печење и налејте го тестото. Оставете го тестото во фрижидер околу 60 минути.

Потопете го желатинот во вода. Испасирајте го едното манго во блендер. Измешајте го крем сирот со ванилинот шеќер, сокот од лимон и шеќерот во прав. Исцедете го желатинот и растопете го. Помешајте желатин и 2 лажици од кремот од крем сирот и потоа измешајте го со целиот крем. Штом филот почне да се желира додадете го избледираното манго и изматената слатка павлака. Филот најлете го врз кората и ставете го фрижидер да отстои околу 3 часа.

Испасирајте го и второто манго и измешајте го со веќе подготвениот желатин од ќесичка. Прелијте врз тортатаи оставете добро да се стегне.

Украсете со овошје по желба

Уживајте во вкусот!!!

Напиши коментар