Погледнете ја новата колекција, за предстојното лето, која ја подготвија дизајнерите, од познатиот Шпански бренд Манго. Прекрасната Ана Сележнева е ангажирана како заштитно лице на летната колекција. Таа со својата појава е точно тоа кое ви го прикажува самата колекција : едноставна, а во исто време и атрактивна и привлечна.
Она на кое веќе се навикнавме кога станува збор за овој познат шпански бренд е бараноста на овие супер модерни парчиња кои лесно се комбинираат со она кое веќе го имаме во гардеробата. Оваа колекција блика во свежина, привлечност и светли тонови кои се идеални за летните денови. Манго како и секогаш на елегантен начин знае да ја истакне женственоста и убавината на женската пирода.
Новата колекција освен што е прозрачна и женствена , идеално е погодна и практична за сите прилики. Било да се работи за деловна гардероба каде белата кошула од оваа колекција е идеална за позивен впечаток, па се до прозрачните светли комбинации за дневни активности. Освен маиците и панталоните за секојдневно облекување, од оваа колекција можете да изберете и романтични летни фустанчиња кои не ја затвараат вашата линија туку овозможуваат слободно проведување на времето било да се работи за сосем обични прилики, за прошетка или пак за вечерни излегувања.











