ШоуБиз

Marc Jacobs ужива со дечкото на плажа :)

Дизајнерот Marc Jacobs го прославил својот 49-ти роденден во друштво на својот помлад дечко, односно порно актерот Harry Louis. Парот роденденот го прославил на една плажа во Рио де Жанеиро, каде сите можеле да ги забележат како си разменуваат нежности и уживаат во морските радости. Иако на почетокот тие ја демантираа врската, сега без никакви предрасуди се појавуваат во јавност.

–          Денес е многу посебен ден. Овој ден треба да биде празник во сите земји бидејќи на мојот дечко му е роденден. Те сакам, Marc, – напишал на својот Твитер 24-годишниот Harry, по што објавил неколку слики од на плажа.

Пред Harry, Marc беше во долгогодишна врска со Lorenzo Martone, а прекинаа во 2010 година од кога се само добри пријатели.

 

Write A Comment