Sweet Home

Marconio, хидромасажни кади по желба… за помалку стрес !!!

Хидромасажните кади Marconio се резултат на повеќегодишното искуство, предаденост и ентузијазм на нашите работници, како и врвните материјали кои ги користат за изработка. Со текот на времето, стремејќи се кон посовршени производи, а во исто време задоволувајќи ги потребите на своите клиенти, започнаа и со производство на масажни базени.

Масажните базени имаат посупериорни перформанси во однос на класичните хидромасажни кади и можат да се користат во текот на целата година, без оглед на временските услови. Следејќи ги светските трендови и зачувувањето на физичкото и ментално здравје, кои станаа императив во современиот живот полн со стрес, недостатокот на време за опуштање и лошиот начин на живеење, направен е новиот сегмент на wellness & SPA производи.

Во широката понуда на wellness производи, се најдоа финските инфрацрвени сауни, парното купатило – хамам, солените соби и пештери, топлите лежалки и тепидариуми. Опремата се издава и за јавна употреба и за мини SPA центри.

Marconio Ви дава тотална слобода да ја одберете кадата која одговара на Вашите потреби. Истата, ќе биде изработена по Ваша желба.

 

Напиши коментар