ШоуБиз

Марк Ентони си фати ново девојче :)

Марк Ентони не се двоуми кога станува збор за промовирање на својата нова девојка на социјалните мрежи. Заедно со моделот Шенон Де Лима тој сака да ѝ покаже на јавноста дека веќе ја преболел Џенифер Лопез.

Сликата ја постирал на Фејсбук вчера, а на неа тој ја бакнува својата девојка од Венецуела и силно ја прегрнува. Под сликата напишал „благодарам“ на шпански. Претходниот ден на Твитер напишал:

–          За Шенон, мојата статуа на слободата. Бацки, срце!

Шенон има само 24 години и 4-годишен син од претходниот брак. Засега, ни таа ни Марк не престануваат да постираат љубовни статуси на своите профили.

Write A Comment