Валентина Јариќ, ќерката на Марко Јариќ и топ моделот Адриана Лима веќе ги доби првите потпетици. На ова Марко дал коментар, на својот профил на Твитер: Валентина ги доби своите први чевли со потпетица. Страшно! Веќе почнавме и со штикли. Морам веднаш да превземам нешто.
И не само против потпетиците, Марко има негативен став и кон шминката. Тој неоддамна на својот профил напишал дека нема да дозволи неговата Валентина да се шминка додека не наполни 20 години. И додека тој го пишува тоа, Валентина и Адриана се забавуваат на свој начин.

