Масажата на вашето бебе ќе ви подари и на двајцата задоволство и мир, особено ако масажата се прави после бањање и пред сон. Масажата ќе ја подобри неговата циркулација бидејќи бебето постојано лежи и ќе се чувствува многу убодно и релаксирано. Најчесто после ваквата масажа бебињата лесно и мирно заспиваат.

Пред да започнете затоплете ги рацете и нанесете неколку капки бадемово масло на рацете и протријте. Се започнува од стопалата кон бедрата на детето. Меко и бавно движете го палецот од петата кон прстите. После тоа преминете по должината на нозете од долу кон горе за да се подобри циркулацијата.
Масажата на телото започнува од рамената нежно накај градите и по должината на рацете надолу. Стомачето се масира со нежни кружни движења во насока спротивна од стрелките на часовникот.

Со прсти погалете го лицето на бебето од средината на челото кон слепочниците и после тоа обравчињата. Ако бебето дозволува можете да го легнете на стомаче и да го масирате целото телце по должината од главата кон петите.

Однесувајте се со бебето со нежност и ако видите дека нешто му предизвикува немир, прекинете ја масажата.
