Убавина

Масажата е многу повеќе од мускулна релаксација

Пријатната масажа е најдобро нешто кое можете да го направите за сами себе, особено кога се чувствувате исцрпено, уморно, или пак едноставно сакате само да се наградите. Научниците откриле дека добрата масажа не е само добра релаксација на мускулите има и многу повеќе од тоа .

„Масажата ги намалува воспаленијата, а на некој начин го имитира делувањето на лековите против болки. Исто така, потикнува раст на нови митохондрии, креаторите на енергијата во клетките“, се вели во едно истражување кое е објавено во магазинот Science Translational Medicine.

Олеснувањето и ослободувањето од болката со помош на масажата, најверојатно ги вклучува истите механизми кои ги предизвикуваат и апчињата.

Потенцијалните придобивки од масажата се корсини за широк спектар на терапии кај постарите лица со мускулни или коскени повреди, како и кај пациентите со хронични заболувања.

Напиши коментар