ШоуБиз

Машка или женска мода?! :)

Модата денес толку многу се промени што веќе не можеме да кажеме што е во мода, а што не е. Модните комбинации буквално се менуваат со брзината на светлината.

Најиронично е тоа што во последно време не знаеме што е машка мода, а што женска. Сега и мажите носат хеланки, чанти, се лакираат, депилираат и шминкаат.

Сликава што тука ви ја претставувам е вистински доказ за тоа. Фронтменот на групата „Блек Ајд Пис“ Вил.Ај.Ем, како и британската добитничка на златен медал на минатата Олимпијада Денис Луис се појавиле во буквално ист капут. И тоа на ист настан, во понеделникот, во Лондон. Се работи за модното шоу на Бурбери, каде сите присутни биле зачудени на ваквата коинциденција.

Напиши коментар