По напорниот ден ве чека важен состанок? Колку и да се трудите да ги прекриете трагите од уморот, сепак шминката не е магична. Затоа подгответе ја оваа маска за лице која ќе ја врати свежината на вашето лице.
Измешајте две лажици свежо исцеден сок од лимон, една лажица сув квасец, една лажица павлака, и малку маслиново масло. Нанесете ја маската на лицето и оставете нека отстои најмалку 20 минути. Измијте се со ладна вода. Ефектот ќе ве изненади