Убавина

Маска од ананас и кокос за убава кожа

Пробајте ја оваа егзотична маска која со сигурност ќе го врати сјајот на вашата кожа. Потребно е само да измиксирате едно парче ананас, а потоа во него да додадете кокос. За да биде кожата уште помека капнете и некоја капка маслиново масло. Со оваа смеса намачкајте го лицето, деколтето и вратот. Оставете нека делува најмалку половина час.

Потоа измијте се со млака вода, и по потреба ставете крема за лице. Состојките кои ги имаат овие две намирници се доволни за да ја нахраните кожата, да и ја дадете потребната влажност, а во исто време и да ја избалансирате pH вредноста на кожата.

Напиши коментар