Убавина

Маска од лубеница за поубава кожа

Лубеницата е дар во кој уживаме секое лето. Освен тоа што ова слатко овошје може набрзина да не освежи, да ни ја врати енергијата и да ни ја згаси жедта, исто така е одлично и за здрвата кожа.

Потребно е само малку лубеница и ефектот ќе го забележите веднаш. Исцедете сок од едно парче лубеница и додадете го во топлата купка. На тој начин ќе и овозможите многу витамини на целата кожа.

Од лубеницата направете маска за лице. Со неа ќе ја освежите кожата, ќе го смирите црвенилото и ќе ја нахраните кожата со многу витамини. Испасирајте лубеница, во смесата ставете неколку капки маслиново масли и две лажици мед. Ставете ја смесата на лицето и оставете ја да делува 20 минути.

Напиши коментар