Убавина

Маска со моментален ефект – имајте кожа која блеска

Не дозволувајте вашата кожа да дехидрира на високите температури. Во летниот период потребна е дополнителна хидратација од онаа која ја обезбедувате со кремата за лице. Направете една маска за лице која дава моментален ефект.

Потребно ви е: половина краставица, неколку гранчиња нане, една лажица јогурт и една лажица млеко во прав. Краставицата и нането убаво изблендирајте ги, а потоа во таа каша додадете ги и останатите состојки. Со оваа маска премачкајте го лицето и вратот. Оставете нека делува најмалку 20 минути. Потоа измијте се со млака вода.

 

Write A Comment