Убавина

Маска за лице од мед и млеко

Ако парите ви се при крај поради празничните трошкови, а кожата не ви личи на ништо од димот, неспиењето и студот, време е да превземете нешто итно и ефтино.  Ќе започнеме со кожата на лицето и ви предлагаме една брза, лесна и најважно евтина маска која ќе ви ја врати еластичноста и сјајот. За приготвување на маската ќе ви биде потребно една лажица мед и млеко. Соединете ги медот и млекото и мешајте ги додека не се добие изедначена смеса. Додадете по потреба од млекото за добивање на поретка каша. Нанесете на лицето, вратот и деколтето и оставете да делува 20 минути. Резултатите се забележуваат веднаш после само една процедура. Но убавината за да е трајна бара континуирани грижи, а не само еднократна процедура.

Напиши коментар