Убавина

Маска за лице од спанаќ

Освен што сите добро знаеме колку е полезен спанаќот по нашето здравје, тој исто така наоѓа примена во процесите на домашно разубавување и нега на нашата кожа. Има неколку маски кои се приготвуваат со помошта  на спанаќот, а денес ќе ви ја претставиме маската за брза хидратација на сува и нормална кожа на лицето.

Десетина добро измиени листови од спанаќ се сецкаат многу ситно или се мелат во машина за месо. На иситнетиот спанаќ се додава една супена лажица растително маско, по можност печенично , маслиново или ленено и на крај една мала лажичка павлака. Сето тоа добро се меша додека не се добие изедначена смеса. Се нанесува на лицето и се остава да делува 15 минути. За комбинирана и мрсна кожа павлаката заменете ја со кисело млеко.

Напиши коментар