Нашата коса летно време е изложена на многу промени, станува осетлива, сува и со испукани врвови. Сите сакаме сонце и плажа, но тие не ни се сојузници за убавата коса. Затоа треба да ја негуваме.
За да и го вратите сјајот на косата доволно е да посегнете само по неколку намирници во вашиот фрижидер.
Маска од јогурт и белки
Белката од јајцето ги уништува бактериите, а и го отстранува вишокот на масти. Додека млечната киселина од јогуртот ги отстранува нечистотиите кои и го одземаат сјајот на косата.
Состојки:
1 белка
¼ чаша јогурт
¼ шоља мајонез
Подготовка: изматете ја белката и потоа споете ја со јогуртот и мајонезот. Мешајте додека смесата не се соедини добро. Нанесете ја целата количина на мокра коса и покријте ја со кеса. Оставете да делува околу 30 минутим, а потоа измијте ја со благ шампон и исплакнете со ладна вода.