Здраво тело

Маслачак – мистериозниот дар од природата

Не постои човек кој не го забележал овој цвет !!! Но малкумина му дале значење…

А Маслачакот е еден од најздравите дарови на природата.

Маслачакот е растение кое најчесто расте по тревниците, ливадите и неретко се среќава и во градските паркови. Цвета од мај до јули. Ќе го препознаете по жолтиот цвет кој стои на дебело зелено стебленце. Карактеристично за овој цвет е неговата зелена обвивка која на сончево и топло време се отвора во прекрасен жолт цвет во форма на правилен круг, а навечер повторно се затвора во зелената обвивка.

Секој дел од ова растение може да се консумира. Лековити делови на билката се листовите, цветовите и коренот. Ретко кој ја користи, но Мачалокот се користи за салати , чаеви, сокови, варива, супи. Маслачакот го зголемува лачењето кај жолчката, делува како диуретик, ја зголемува работата на бубрезите, прочистување на крвта, помага при лечењето на ревматизам, кожни егземи, чиреви итн..

Маслачакот содржи, многу калиум во надземниот дел, смоли, етерично масло. Листовите содржат 16% до18% витамин Ц, железо околу 3%, повеќе од спанаќот. Младите листови во лето се вкусна и освежителна салата. За да се отстрани горчината, младите цветови треба да потстојат во вода преку ноќ. Маслачакот е добар за болните од шеќерна болест кои треба да пијат чај од оваа билка. Сепак треба внимателно да се консумира и да се избегнуваат стари делови од билката бидејќи доколку се консумираат во големи количини може да дојде до појава на труење, меѓутоа младите листови се потполно безопасни и можат да се консумираат како салата во умерени количини.

ИНФОРМАЦИЈА ПЛУС…

Маслачакот е одличен препарат за сузбивање на злогласниот целулит !!!

Имено секојдневното пиење на 1 чаша чај од ова растение со сигурност ќе го уништи наталожениот целулит. Но мора да се внимава да не е се пие повеќе од 100 милилитри и тоа без додавање на шеќер.

Рецептот за чај од Маслачак

Употребете 60 грама свежи листови од Маслачак и зовријте ги во половина литар вода. Чајот треба да се испие во текот на 5 дена. НЕ ПОВЕЌЕ ОД 100 МИЛИЛИТРИ НА ДЕН !!!

Чајот пијте го околу 25 дена и ќе бидете изненадени !!! ЕФЕКТОТ Е НЕВЕРОЈЕТЕН !!!

Напиши коментар