Дестинации

Маврициус – привлечна егзотична дестинација…

Маврициус е островска држав која своето место го нашла во Индискиот океан. Опкружена е со природни убавини и е вистински рај на земјата. Оддалечена е 855 километри од Мадагаскар, а 2000 километри од источниот брег на Африка…

Покрај островот Маврициус, во состав на републиката влегуваат и  островите Каргадос, Карахос, Родригез и Агалега. Маврициус настанал со низа вулкански ерупции, пред околу 8 до 10 милиони години, а активни вулкани на ова подрачје повеќе нема. Денес, Маврициус е една од најразвиените земји во Африка.

Во потполност е опкружен со корални гребени, кои го штитат од големи бранови и ајкули, така што пливањето во преубавата лагуна е безбедно. Климата е тропска.

Главен град на островот е  Порт Луис, гратче кое се наоѓа на западниот дел од островот. Најпознатите туристички дестинации се наоѓаат на северниот дел од островот, а најпривлечна е Гран Беј. Најпознатата дестинација, сето тоа го должи на неодоливите смарагдни води, безбедното капење, идеалните услови за спорт на вода и богатиот ноќен живот.

Маврициус е место за уживање – бескрајно бели плажи, пријатна температура на водата и воздухот, нуркање,  сурфање на Тамарин Беј, најпознатото место за овој спорт…

 

Напиши коментар