Здраво тело

Мажи !!!…Вежбањето е голема здравствена бенефиција !

Мажи… од универзитетот во Калифорнија пристигна брилијантна вест.

Всушност, тамошните научници дојдоа до откритие дека вежбањето може да го успори или потполно да ја спречи прогресијата на ракот на простатата.

Навистина интересниот податок беше пласиран во склоп на последните истражувања околу влијанието на интензивното вежбање кај мажите со ран стадиум на рак на простата.

Воочено е дека вежбањето може да доведе до промени во делувањето на дури 184 гени кои позитивно влијаат на простатата.

Што е најважно, тоа се однесува и на гените кои оневозможуваат раст на туморот и „ поправање “ на оштетената DNK , па научниците веруваат дека вежбањето може да  успори или потполно да го спречи појавата на рак на простатата. Во склоп на истражувањето учествувале 70 испитаници со рак на простата во ран стадиум и 70 здрави испитаници. До промена на делувањето на гените доведуваат активностите како трчање, пливање и играње тенис најмалку 3 часа неделно. Студиите веќе покажале дека вежбите може да имаат позитивно влијание на здравјето на заболените од рак на дојката и рак на дебелото црево.

Напиши коментар