Здраво тело

Мажите се по загрижени поради пивското стомаче

Ако мислевте дека само жените се грижат за целулитот, брчките или салото околу стомакот, се лажете! И мажите имаат свои „главоболки“.

Четворица од петтина мажи се незадоволни со својот изглед, покажа анкетата кои ја направија истражувачите од Универзитетот во Западна Англија. Најголем проблем на мажите е пивскиот стомак, кој е еквивалентен на женскиот целулит.

Вкупно 35 отсто од испитаниците рекле дека со задоволство би се откажале по една година од својот живот само да не би имале вишок килограми или ако би биле во добра физичка форма. Од 400 – те од испитаниците, 80 отсто редовно разговараат за своето тело со пријателите. Главната тема која ги преокупира  е мускулестото тело, и околу 60 отсто од испитаниците редовно се жалат како немаат мускулести раце, гради или „мускулести плочки“  на стомакот.

Исто како и жените кои се подвргнуваат на диета, така и припадниците на посилниот пол ја менуваат својата исхрана: секој петти испитаник ги следел правилата за исхрана со повеќе протеини за да може да ја зголеми својата мускулна маса, а скоро секој трети консумирал додаток во исхраната со протеини.

„ На разговорот за телото традиционално се гледа на нешто со кое се занимаваат жените, но нашето истражување покажа дека и мажите се под притисок да се соочат со својот изглед. Значи мораме заеднички да пристапиме кон промовирањето на заедничката потреба за подобар и поздрав изглед“, ни објасни dr. Philippa Diedrichs, водачот на ова истражување.

Напиши коментар