Убавина

Меден пилинг за вашето лице

Кожата на лицето е показател на вашето здравје, одраз на вашата грижа и посветеност за убавиот и здрав изглед. Дозволете си еден убав третман за кожата на лицето, по кој кожата ќе биде здрава и убава. Се што ви е потребно е:

–      две лажици мед

–      една лажица лебни трошки

Убаво измешајте ги состојките и со кружни движења сзмасирајте го лицето. Оставете малку нека отстои пилинг маската на вашето лице, а потоа измијте се со млака вода. Кожата ќе ви биде мека и нежна, а воедно и задоволена со многу витамини и минерали.

Напиши коментар