Мојата кујна

Медени колачи

Вкусот на детството !!! Неодоливо слатки медени колачи…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За 4 лица

500 грама брашно

150 грама мед

2,5 децилитри бело вино

1,5 децилитри маслиново масло

1 портокал

½ кесичка цимет во прав

Масло за јадење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

На работната површина ставете го брашното и во средината направете вдлабнатина и во неа ставете го маслиновото масло, виното, кората од портокалот , циметот и замесете цврсто хомогено тесто. Тестото поделете го на 4 дела, од секој дел формирајте долгнавести стапчиња со дебелина од 1 ½ сантиметри. Од стапчињата исечете кругови и секој од нив потиснете го се ренде за да добијат рапава површина. Вака добиените колачиња пржете ги во врело масло додека не добијат златна боја. Испржените колачиња ставете врз хартија која ќе ја упие вишокот мрснотија.

Додека колачињата се оладат на умерен оган загрејте ја мешавината од медот и сокот од портокалот, мешајте додека медот не се стопи. Тргнете го садот од оган и во него ставајте ги оладените колачиња едно по едно. Треба колачињата во потполност да се прекриени со мешавината од мед и портокал.

Сервирајте ги топли.

Уживајте во вкусот!!!

Напиши коментар