Мојата кујна

Медитерански леб

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 грама пченично брашно

150 грама црни маслинки без семка

100 грама бадеми

7 грама сув квасец

10 грама шеќер

Прстофат сув рузмарин

30 милилитри маслиново масло

1 мала лажичка сол

Прстофат бибер

250 милилитри топло млеко

НАЧИНА НА ПОДГОТОВКА:

Во подлабок сад ставете го брашното, во средината направите длабнатина и ставете ги квасецот, рузмаринот, шеќерот, маслиновото масло, бибер, сол и топлото млеко.  Месете го тестото додека не добиете компактна маса. Обликувајте го во погача, премачкајте го со малку масло,  завиткајте те го со проѕирна фолија и оставете го нарасне 60 минути.

Откако тестото ќе нарасне  додадете ги претходно исечканите маслини и бадеми и пак замесете.

Печете на загреана рерна на 180 степени Целзиусови 30 минути.

Уживајте!!!

Напиши коментар