Убавина

Медот е најдобар пријател на вашата кожа

Медот, освен што може значително да го зајакне вашиот имунлошки систем, содржи супстанци кои на кожата делуваат како лековита храна. Овој производ на пчелите содржи витамини, ензими и аминокиселини ги облажуваат иритираните места и ја чисти проблематичната кожа.

Драгоцената состојка со која пчелите ја хранат својата матица се нарекува матична млеч. Оваа чудотворна состојка се наоѓа во многу козметички препарати за нега на сите делови од вашата кожа. Медот е совршен и како мевлем за испукани усни, кои немаат сопствени лојни жлезди кои би им обезбедиле сопствена масност.

Исто така медот е одличен за нега на кожата и лицето. За лицето може да изберете некоја крема со додатоци од мед, но може да направите и маска на база на мед. Земете две лажици мед на собна температура и нанесете го медот на лицето (во медот може да додадете и неколку капки бадемово масло). Оставете да делува 5 минути, па исплакнете со млака вода и нанесете крема на база на мед.

Напиши коментар