ШоуБиз

Megan Fox е бремена?!

Ако им веруваме на американските медиуми, тогаш оваа атрактивна актерка и нејзиниот дечко очекуваат дете.

Megan Fox (25) и Brian Austin Green наводно го очекуваат своето прво дете. За наводната бременост на актерката прво известило списанието „Star“ кое преенсува дека еден заеднички пријател на двојката изјавил дека Megan и Brian се пресреќни и многу возбудени. Според него, сеуште е рано да се извести јавноста и засега знаат само најблиските пријатели и роднини.

Инаку, Brian веќе има еден син коj одлично ја прифаќа Megan. За неа секогаш семејството доаѓало на прво место, секогаш пред кариерата.

Засега, никој од парот не истапил со изјава во врска со овие вести.

Напиши коментар