ШоуБиз

Megan Fox и сопругот пред тужба за насилство!

Знаеме дека папараците често можат да претераат кога се во лов на добра фотка, но сметаме дека и овој актер ја преминал границата на морално однесување и претерал во својата реакција.

Додека ги следел Megan Fox и Brian Austin Green, овој папарацо си заработил ќотек и поради тој испад решил да ја даде актерката на суд. Имено, овој фотограф тврди дека познатиот актер брутално го натепал, а актерката мирно гледала од страна и навивала.

Во тужбата се наведува дека фотографот Delbert Shaw ја сликал актерката на една плажа во Мајами, а на неа тоа многу не ѝ се допаднало. Само кратко му довикнала на сопругот:

–          Зарем ќе го пуштиш лесно да се извлече од ова?

Brian веднаш му се нафрлил на фотографот и му нанел потешки телесни повреди. Сеуште се чека на судење, а парот засега не изреагирал на првата судска покана.

Напиши коментар