ШоуБиз

Megan Fox се збунува… Бремена сум или не? :)

Веќе некој период се шират гласини дека актерката Megan Fox е бремена, но таа дефинитивно сеуште не е подготвена да зборува на таа тема.

Во едно интервју за „Entertainment Tonight“ актерката се збунила кога водителот Steve Jones ненадејно ја надоврзал на претходното прашање со реченицата „А, знаете кој додаток го посакува секој човек? Дете.“

Во тој момент Megan збунето го погледнала, сфатила во која насока оди разговорот и почнала да се смешка. Пред Megan да се снајде во интервјуто и даде одговор, од зад кулисите се зачул гласот на нејзината менаџерка која инстинктивно извикала „Стоп“. Во тој момент интервјуто било прекинато.

Инаку, актерката е во брак со Brian Austin Green од 2010 година.

http://www.youtube.com/watch?v=SP_fBCsAYOQ

Напиши коментар