За да изгледате како убавата латино дива Џенифер Лопез не треба премногу време и пари. Тајната е во бронзениот изглед.
И најгламурозната шминка на Џеј Ло делува природно. Таа секогаш изгледа исончано, иако тоа ретко го прави.
Еве како со неколку тирокови да го ископирате изгледот на пејчаката:
Нанесете на лицето вообичаена подлога, коректор и пудра. Имајте на ум дека за да шминката изгледа што поприродно мора да ја најдете соодветната нијанса на пудра која најмногу одговара на вашата кожа. Употребете неколку капки од светло бронзена боја или пак нежна нијанса на праска која ќе ја нанесете на образите, брадата, носот и на врвот на челото.
Ставете малку златна сенка под веѓите, а исто така треба да ставите вештачки трепки.
