Убавина

Мејкап трендови за 2012-та

2012-та година комплетно е во знакот „болд“ кога станува збор за шминката. Максимално зголемени веѓи, како никогаш до сега. Тушот кој владееше во 2011-та е тука повторно, но сега уште по изразен и посмел. Повторно тушот е водечка тенденција со таа разлика што сега е поизразен и со многу повеќе творечка слобода, што се однесува на бои и дебелина на линијата. Кармините преживуваат преродба и револуција бидејќи целосно се менува вообичаената палета од бои. Не изостанува и ружот кој се појавува во многу посмели бои одколку до сега.

Се е во ред, само ако не ги приложите сите овие мејкап трендови истовремено. Акцентот мора да биде еден, но затоа силен и впечатлив. Еве некои од најпознатите брендови и нивните мејкап представи.

Напиши коментар