Меколај Калкин е актерот кој го познаваме уште од негова најрана возраст, со мега познатата улога во филмот„Сам дома„. Но, изгледа дека од тоа слатко детенце нема останато ни трага. Во јавноста постојано се појавуваат фотографии на кои Меколај не изгледа како да има здрав и нормален живот.

Пред извесно време во американската штампа излезе информација дека тој месечно троши по 6000 долари за скапа дрога. Но, неговите портпароли изјавиле дека тоа не е вистина туку една обична клевета и навреда.

Негов близок пријател пак изјавил дека тој интензивно почнал да консумира дрога по раскидот на долгогодишната врска со Мила Кунис. Минатата година тој бил во критична состојба откако се предозирал, но успеале да го спасат.

Инаку полусестрата на Меколај почина во 2000 година од предозираност.
