Здраво тело

Менструацијата – виновна за лошите животни одлуки !!!

Драги дами… Оние „ неколку денови “ во годината не се воопшто лесни. Покрај веќе добро познатите симптоми, утврдени се и други појави кои се случуваат за време на циклусот. Некои и не се толку лоши… за некои може да кажеме, „ уште ова фалеше “…

Ако сакате утеха, добрата страна на сето ова е она што за некои лоши одлуки можете да го обвините делувањето на хормоните…

Бирате лоши момци – Постои причина поради која Ве привлекуваат лоши момци, секогаш, во исто време од месецот. Едно истражување покажало дека жените во периодот на овулација, бираат лоши, наместо добри момци, бидејќи од некои причини, уверени се дека тие би биле подобри родители…

Носите тесна облека – За време на овулација, жените се склони кон купување сексипилна облека, покажува едно истражување. Жените во различни фази од циклусот бираат различна облека, а во фазата на овулација – најпровокативна…

Повеќе трошите – Како надополнување на претходниот симптом, се јавува и симптомот кој се наоѓа на листата појави поради кои ќе зажалите. А всушност, жените се склони кон трошење и десетина дена пред менструацијата. Зошто? Така полесно се справуваат со периодот на ПМС.

Мажите Ве гледаат поинаку – Уште една чудна страна на плодноста – мажите околу Вас стануваат смешни. Истражувањето покажува дека мажите, колку што сте поплодни (  за време на овулацијата ), поинаку разговараат со Вас. Истражувачите веруваат дека мажите користат различни начини за да се истакнат пред жената, со надеж, дека ќе се „ спарат“ со неа. Значи, немојте да бидете воодушевени од неговите способности само за време на овулацијата. Проверете дали исто ќе се однесува, откако ќе Ви помине…

Полесно откривате хомосексуалци – Студиите покажуваат дека жените кои овулираат, многу полесно препознаваат дали некој маж е геј или стрејт. Кога наредниот пат ќе Ви се допадне некој добар фраер, а не сте сигурни во неговата склоност, искористете го Вашиот циклус, да Ви одговори на ова прашање.

Побрзо забележувате змии – Неодамнешна студија потврдила дека жените кои овулираат, повеќе забележуваат змии на фотографии, за разлика од жените кои се во друга фаза од циклусот.

Имате изразена сексуална фантазија – Во име на науката, 27 забавни жени, за време на 1 месец ги бележеле своите сексуални мечти. Во просек, три дена пред овулацијата, мечтите станувале почести и поинтензивни.

Склони сте кон инфекции – Испитувања направени на глувци, покажале дека се склони кон полово преносливи болести за време на овулацијата. Затоа, погрижете се на средината од циклусот, добро да спиете и да земате доволно хранливи состојки.

Напиши коментар