ШоуБиз

Messi ќе стане татко!?

 

Наводно девојката на најдобриот фудбалер на денешницата е бремена. Се работи за Antoanella Roccuzzo која е девојка на фудбалерот на Барселона, Lionel Messi. Медиумите се распишуваа дека оваа двојка очекува дете, но тоа засега не е потврдено од гласноговорникот на Messi.

Веста прв ја пренел порталот „Inthestands“, а потоа и сите аргентински медиуми кои ги исконтактирале родителите на фудбалерот, но тие не сакале ни да ја потврдат, ни да ја демантираат веста за наводната бременост.

Според нивните зборови тие „чекаат нивниот син да ги направи тоа кога ќе одлучи дека е вистинското време“.

Lionel и Antoanella се во врска веќе три години.

Write A Comment