Здраво тело

Местата каде што се здебелувате најмногу – кажуваат за Вашето здравје !!!

Деловите од телото на кои прво Ви се наталожуваат масните наслаги, можат да откријат интересни факти за Вашето здравје…

Неколку истражувања поврзуваат дека здравствените проблеми се директно поврзани со местата на кои најпрво Ви се наталожуваат масти. Ви ги претставуваме најчестите :

1. Голем задник

Истражување спроведено на Универзитетот во Оксфорд, покажува дека големиот задник помага во заштитата од дијабетес и срцеви болести. Со оглед на тоа дека масните наслаги се наталожуваат директно на задникот, тоа значи дека истите не се наталожуваат околу органите каде тоа ештетно.

2. Масни наслаги на стомакот

Истражувачи од Харвард соопштуваат дека луѓето кај кои мастите најмногу се наталожуваат  околу половината, имаат големи шанси да добијат синдром на „ немирни нозе “, непријатно чувство во нозете и потреба за постојано раздвижување на нозете. Ако не се лечи, болеста може значително да го поремети спиењето, да предизвика умор, поспаност и исрпеност, што го нарушува квалитетот на живот и неговото целокупно здравје. Масните наслаги на стомакот се штетни и поради притисокот на салото на внатрешните органи и поради поголемиот ризик од  циркулаторни болести.

3. Наслаги на колковите

Истражувачи од Универзитетот Нортвестерн ја пронашле врската помеѓу појавата на „ ментална магла “ ( растресеност и заборавеност ) во времето на менопауза и жените кои имаат масни наслаги на колковите

4.Масни наслаги на бедрата

Данско истражување покажува дека лицата со потенки бедра имаат поголем ризик од срцеви болести и порана смрт. Други студии спроведени на Универзитетот во Аделаида откриваат дека посилни нозе во однос на остатокот од телото, значат подобар метаболизам и помал ризик од дијабетес.

5.Големи гради

Истражувачи од Харвард и Универзитетот во Торонто, ја најдоа врската помеѓу големината на женските гради и ризикот од дијабетес тип 2 ( што поголеми гради – толку поголеми шанси за дијабетес ).

Напиши коментар