ШоуБиз

МИА е повторно сингл!

Пејачката МИА (36) од 2008 година била во врска со активистот за зачувување на животната средина Бенџамин Бронфман (29), а во 2009 година го добиле синот Икид. Во тоа време, пејачката настапила на доделувањето на Греми наградите само неколку саати пред да се породи.

Во последно време, МИА генерално живее во Велика Британија, а Брнџамин во Њујорк, па парот веќе некое време водел одвоен живот. На крај, и двајцата решиле дека е време да се разделат и секој да си тргне по својот пат.

Пред неколку дена, за време на настапот со Мадона на Супер бол натпреварот, МИА направи скандал, покажувајќи го средниот прст на манифестацијата која одеше во живо на телевизија, па немало време сето тоа да биде цензурирано.

Напиши коментар