Додека повеќето популарни актерки и пејачки се срамат од своите слики од матурската вечер, првата дама на САД, Michelle Obama на својата изгледа повеќе од провокативно.
Сликата ја објавила водителката Ellen DeGeneres во својата емисија, но тоа воопшто не ја засрамило сопругата на претседателот Obama, туку напротив докажало дека Michelle и во младоста била страшна риба.
Фотографијата е од 1982 година кога Obama учела во средното училиште „Whitney M Young“ во Чикаго, во придружба на партнерот David Upchurch.
– Пораснав со Michelle и нејзиниот брат, нашите семејства беа многу блиски. Си се допаѓавме еден на друг, но знаете какви се младите денес – ги зафркнуваат работите. Тогаш не го сфаќав животот сериозно, а Michelle од секогаш знаеше што точно сака и се запиша на Princeton. Не можев да ѝ застанам на патот, – изјавил David.
