ШоуБиз

Michelle Obama: Секогаш приземна и реална!

Првата дама на САД, Michelle Obama се најде на насловната страница на списанието „Ebony“ за месец мај, облечена во бојата на месецот: Сина!

Во едиторијалот таа дискутира за тоа каков родител е таа, за нејзината мајка и секако, за сопругот Barack Obama.

Како ги одгледува ќерките Sasha и Malia:

–          Со сопругот сметаме дека нашата најголема животна одговорност е да израснеме две продуктивни, чесни, љубезни и разбирателни девојки. Со Bаrack разговараме со нив за тоа како нивните мажи ќе треба да се однесуваат со нив. Примери им дава самиот тој со однесувањето кон мене и кон нив.

За придобивките што ги има бидејќи мајка ѝ Marian Robinson живее со нив во Белата Куќа:

–          Кога и да ми треба некој за раговор, таа е тука за мене.

Write A Comment