ШоуБиз

Michelle Pfeiffer: Славата те прави ранлив!

Актерката Michelle Pfeiffer изјавила дека поради славата многу повеќе се грижи за својата приватност и сигурност.

Pfeiffer, која оваа година слави 19 години брак со David E Kelley, вели дека не верува лесно и дека постојано се чува од љубопитните погледи на јавноста.

–          Потребно ми е многу долго време пред да почнам да му верувам на некој. Една од причините е што си ја сакам приватноста и не сакам да бидам ранлива. Доколку сакате вистинска блискост со луѓето, во тој случај станувате ранливи. На крај доаѓам и до таа фаза, но не со многу луѓе. Ова е само дел од сѐ она што доаѓа со славата. Кога бев млада, бев многу отворена. Сепак, славата те учи на поинаков живот, – вели актерката.

На прашањето дали е апсолутно сигурна во верноста на сопругот, Michelle додава:

–          Некогаш знаете, а некогаш не. Сите луѓе се подложни на негирање. Секој може да се најде во врска каде едниот изневерува. Тоа е во човечката пророда.

Напиши коментар