ШоуБиз

Miley Cyrus се сврши на 19 години!

Холивуд дефинитивно го зафаќа свадбарска треска. Овој пат се работи за пејачката Miley Cyrus (19) и ѕвездата од филмот „Игра на глад“- Liam Hemsworth (22). По три години заедно, овој млад пар се решил за еден чекот погоре на општественото скалило.

Нивните гласноговорници потврдуваат дека Miley и Liam се свршиле.

–          Многу сум среќна што ме побара за жена и едвај чекам да бидеме заедно со Liam како брачни партнери, – изјавила пејачката.

Понудата за брак се случила на 31-ви Мај со 3,5 каратен дијамантски прстен од продавницата за накит „Neil Lane“.

Моментално се чека на понови фотки каде ќе може да го видите свршеничкиот прстен, како и изјави од семејствата на двојката.

Од нас, честитки!

Напиши коментар