ШоуБиз

Miley Cyrus за секс сцената од новиот филм!

Таа стана позната благодарение на улогите во сериите и филмовите на „Disney“, а сега е веќе возрасна девојка. Miley Cyrus ја покажа својата секси страна снимајќи интимни сцени во новиот филм со наслов „LOL“.

Во филмот, актерката глуми заедно со Британецот Douglas Booth, со кој требало да снима и сцена со секс. Miley признава дека долго се подготвувала за оваа сцена. Секојдневно вежбала во теретана со цел нејзините гради да бидат зацврстени и подигнати.

–          Тоа беше првата сцена која ја снимавме. Прв ден и веднаш на распоредот имав сцена со секс. А, јас заборавив да си ги издепилирам нозете. Во паника почнав да барам бикче. Снимањето беше смешно. Некој стои позади камерата и ви кажува каде да ги ставите рацете, – вели актерката.

Еве што кажува таа за својот колега ид филмот:

–          Тој е преубав. Еден од најзгодните мажи. Многу е духовит. Го викавме „принцеза“ поради британскиот нагласок. Се чинеше како цело време да го цитира Шекспир, – додава Cyrus.

Напиши коментар