Чоколадно задоволство кое мора да си го приуштите
Потребни состојки:
За кората:
– 21 белки
– 600 гр шеќер
– 300 гр мелени лешници
– 3 лажици брашно
За филот:
– 1 л млеко
– 3 пудинга од ванила
– 6 лажици брашно
– 100 гр шеќер
– 21 жолчка
– 250 гр маргарин
– 2 шлага
– 300 гр млечна милка
– 300 гр бела милка
Подготовка:
За кората:
Изматете 7 белки , 200 гр шеќер, 100 гр смелени и претходно препечени лешници и една лажица брашно. Печете 15 мин на загреана рерна од 170 степени. Направете и испечете вкупно три вакви кори.
За филот:
Сварете го млекото, 3 пудинга од ванила, 6 лажици брашно, 100 гр шеќер и 21 жолчка. Кога ќе се излади смесата додајте 250 гр маргарин и 2 шлага.
Филот поделете го на два дела
Во едниот дел ставете 300 гр растопена млечна милка, а во другиот фил додајте 300 гр растопена бела милка.
Филувајте со следнив редослед: кора, црн фил, бел фил, кора…
