Мода

Мини здолништа понудени од high street брендовите

Со растењето на температурата, сé повеќе мечтаеме за лесните пролетни комбинации…Сигурни сме дека ќе се согласите со нас дека ѝ доаѓа крајот на дебелата облека и дека со нетрпение посегнувате по пролетните парчиња, особено мини здолништата, кои овој пат, брендовите ги обоија во сладоледни нијанси.

Ментол и лимон боите ќе доминираат на пазарот, а ќе бидат застапени и кај мини здолништата. Тие пак, плисирани, прилепени, асиметрични,со крој на балон, ќе бидат достапни во повеќе изданија,а причина плус во „ отежнувањето “ на вистинскиот избор ќе бидат неодоливите бои, принтови и детали кои ќе ги придружуваат. Мини здолништата за претстојнава сезона се диктати од модните писти. Ваше ќе биде да ги комбинирате со други бои, различна облека и модни додатоци. Погледнете неколку парчиња мини здолиншта кои ги нудат брендовите …

Напиши коментар