Sweet Home

Минимализмот – стил што владее

Можеби практичната и функционална страна на минимализмот му помогнаа да биде она што е – стил што за многу кратко го достигна врвот и стана најзастапениот стилски правец во сферата на архитектурата и уредувањето на просторот.

Едноставните форми, чистите линии, ослободениот простор од излишни елементи и декорација се основните карактерни црти на овој стилски правец. Ако се одлучите за минималистички пристап при уредувањето на вашиот дом дефинитивно добивате во простор, бидејќи овде ја нема онаа пренатрупаност карактеристична за домовите во Македонија до пред една, две децении.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Напиши коментар